Утрински Весник
Македонија

Прилепска фирма веќе изработи илјада заштитни маски

Прилепска фирма веќе изработи илјада заштитни маски

Прилеп, 19 март 2020 (МИА) – Првите илјада заштитни маски, стерилизирани во прилепската болница, се произведени од прилепската фирма „Гифти Текс“ и во текот на денот ќе бидат дистрибуирани според приоритетот во институциите. Производството за заштитните маски ќе се зголеми наредните денови и по неколку илјади дневно, што е донација за градот и ќе има за граѓаните, истакна денеска менаџерот на фирмата Горан Илијоски.

Иницијативата почнала откако е констатирано дека нема маски во аптеките, а се чекало и на одобрение од инспекциите.

– На иницијативата не поттикна големата пожртвуваност на медицинскиот персонал, а и од недостигот на маски во аптеките. А ние, како фирма која правиме заштитници за душеци со екоматеријали, имаме материјали и можност да почнеме да правиме маски за заштита. Сето тоа беше пресудно да ја покренеме иницијативата за изработка на маските. Прво почнавме преку социјалните, каде наидовме на големо одобрување. Се јави приелепскиот градоначалник, но претходно не можевме да почнеме со изработка, иако знаме како да изработиме, имаме материјали, испитани од производителот од странство, го имаат еко-сертификатот, но регулативите во нашата држава велат дека сѐ треба да се испита кај нас. Веднаш се реагираше со локалните власти. Беше побарано мислење од Министерството за здравство и од Владата и добивме одобрение да почнеме да произведуваме. Основно, што ни дозволи да ги пуштиме во оптек е овозможената стерилизација во прилепската болница која има капацитет за тоа, објасни Илијоски.

Иако маските се за една употреба, сепак слободно може да се перат.

– Издржуваат перење, ставете ги во средство за дезинфекција и ќе бидат подготвени доколку ги исушите. Веќе сме организирани со нашите пријатели со „Кули“ и „Фешн линк“ може да произведуваме и по неколку илјади дневно. Материјал имаме набавен од западноевропските земји, во моментов и за околу 100 илјади заштитни маски. Целта ни е овие количества денеска се распределат правилно, и да не се брза зашто ние ќе работиме континуирано додека има материјал, а го има доволно. Не може веднаш, а маски ќе правиме перманентно, објаснува Илијоски.

Фирмата работи за извоз и бројот на вработени варира, не помалку од пет, но не повеќе од 25 вработени. Инаку, специјална машина може да се набави од Кина, но во овој момент не е возможно. ем/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Втора тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судски совет

Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%