Утрински Весник
Македонија

Свети Николе и Лозово со нови мерки за заштита на населението од коронавирусот

Свети Николе и Лозово со нови мерки за заштита на населението од коронавирусот

Штип, 19 март 2020 (МИА) – Кризниот штаб на Општина Свети Николе и Лозово одржа седница во врска со зголемена превенција на ширење на коронавирусот на териториите на општините.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски информира дека донесени се одлуки за прекин на работењето на градскиот пазар во Свети Николе во сабота, а во Лозово во четврток. Градскиот пазар ќе работи во текот на работните денови од понеделник до петок и на него ќе можат да се продаваат производи од земјоделски производители од општината, со цел задоволување на тековните потреби на жителите со потребните земјоделски производи.

 Формирање на кризни штабови во месните заедници со цел подобро примена на препораките и мерките за превенција од коронавирусот во месните заедници.На седницата се истакна дека против едно лице кое е пристигнато од странство од Свети Николе е поднесена кривична пријава до Основното јавното обвинителство, согласно член 205 од Кривичниот законик, за непочитување на мерката на самоизолација, вели Велковски.

Тој истакна дека на терен постојано присутни се екипи од инспектори од Министерството за економија со цел придржување на мерките и препораките за работење на продавниците и на угостителските објекти. Посочи дека засега, нема констатации за нарушување на истите.

Апелирам до сите граѓани на нашата општина да ги почитуваат мерките и препораките на Владата и на Министерстово за здравство во врска со превенцијата од заштита на коронавирусот. Се работи за живото на сите нас, за животот на нашите деца, вели Велковски.вдј/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дурмиши: Пониски цени на над 600 производи за Нова Година

Одбележан Денот на МАНУ – 24info.mk

Чупеска: Очајната пракса на ВМРО-ДПМНЕ за извртување на вистината нема да ме демотивира да се борам против дезинформациите