Утрински Весник
Економија

Се бара начин како да се исплатат пензиите на пензионерите кои сакаат готовина

Се бара начин како да се исплатат пензиите на пензионерите кои сакаат готовина

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Банките почна консулатации со Владата за тоа како да се изврши исплатата на пензиите по новонастанатата ситуација со коронавирусот.

-Од понеделник влегуваме во последната недела од месецот што значи дека се ближи исплатата на пензиите. Сите знаеме како изгледаат бакарските шалтери кога се исплаќаат пензиите, а во моментот токму оваа категорија од населението е најранлива од аспект на изложеност на вирусот. Поради тоа од вчера започнавме интензивна комуникација со Владата за изнаоѓање начин за безбедна исплата на пензијата на сите пензионери кои ќе сакаат да ја подигнат својата пензија во готовина, рече Маја Стевкова Штериева, претседател на Македонската банкарска асоцијација.

Таа додаде дека за изнајденото решение дополнително ќе информираат.скс/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%

Поскапеа кафеаните – 24info.mk

Tрошоците на животот во март на годишно ниво зголемени за 4.9 %, а цените на мало за 3.4 %