Утрински Весник
Македонија

Иницијатива училиштето во велешко Бузалково да стане посебен правен субјект

Иницијатива училиштето во велешко Бузалково да стане посебен правен субјект

Велес,19 јануари 2020 (МИА) – Градоначалникот на Велес Аце Коцевски поднесе иницијатива до Советот на Општина Велес за промена на правниот статус на подрачното основно училиште во село Бузалково, кое е во рамки на велешкото ООУ „Васил Главинов“. По Советот зелено светло треба да даде Министeрството за образование и наука, а потоа и Владата.

Иницијативата ја поткрепува со одредбите од член 50,став 6,од Законот за локална самоуправа, како и одредбите од член 23а, од Законот за основно образавние во кој се појаснува дека основно училиште може да се основа и како посебен правен субјект доколку ги исполнува законските услови.

Во училиштето во Бузалково во оваа учебна година  учат 397 ученици во 17 паралелки, во подрачното училиште во Сливник 90 ученици во пет паралелки и во подрачното училиште во селото Клуковец 51 ученик во четири паралелеки. Вкупниот број ученици изнесува 538, кои се распоредени во 26 паралелки во оваа учебна година.

Согласно Законот, секое училиште кое има над 18 паралелки, ги исполнува законските услови да добие статус на самостоен правен субјект. Јас верувам дека Советот на Општина Велес ќе ја прифати иницијативата и понатаму постапката ќе продолжи пред надлежните органи, прво во Министерството за образование и наука, а потоа и во Владата, а  да можеме следната учебна година да ја дочекаме подготвени. Со тоа  ќе обезбедиме повисок квалитет на организирање на воспитно образовниот процес во овој дел од нашата општина,појаснува Коцевски.ад/лв/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ИСЧЕЗНА 25-ГОДИШНА МАКЕДОНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Седум дена се трага по неа!

Пукотници со огнено оружје во Количани: Приведени две лица

Не се знае кога ќе се делат ваучерите за инвертери