Берово, 19 март 2020 (МИА) – Општина Берово и денеска продолжува со дезинфекција на градските улици како превентивна мерка против КОВИД-19 вирусот.
-Денеска екипите на Територијалната противпожарна единица Берово и Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга” – Берово го дезинфецираа во централното градско подрачје, каде целосно е дезинфициран плоштадот „Димитар Беровски” и уште неколку пофреквентни улици, информираа од општината.
Почитувајќи ги сите мерки и препораки за заштита од коронавирусот, меѓу екипите на терен како што додадоа, беше и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
– За утре во план се улиците „11 Октомври“ и дел од улицата „23 Август“. Продолжуваме со децинфекција и во следниот период и ќе ги превземеме сите превентивни мерки за да се заштитиме, истакна Пекевски.
Дезинфекцијата, како што дополнија надлежните, се врши по приоритет на најфреквентните улици со раствор од хлор, и како мерка за заштита и превенција, ќе продолжи да се применува и во следниот период. вс/бт/