Утрински Весник
Македонија

Рот: Потребна е солидарноста на ЕУ да ви помогнеме да се справите со последиците од пандемијата

Рот: Потребна е солидарноста на ЕУ да ви помогнеме да се справите со последиците од пандемијата

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Потребна е солидарноста на ЕУ. Се надевам дека нам во ЕУ ќе ни успее на вашата земја да и помогнеме последиците по економијата од пандемијата колку што може полесно да ги пребродите, рече германскиот државен министер за Европа Михаел Рот од Берлин на денешната виртуелна прес-конференција со неговиот колега во Скопје, шефот на дипломатијата Никола Димитров.

-Тоа е обврска од страна на ЕУ, за стабилност и подобрување на Западен Балкан,  ИПА  е еден од инструментите  за тоа. Во моментов преговараме во ЕУ за идната финансиската рамка на ЕУ. Многу е значајно ЕУ да даде соодветни средства на располагање за економската и социјална сотојба во Северна Македонија колку што е можно повеќе, пред се преку Берлинскиот процес. Сега во фокус е грижата и последиците од короната. Таа не го става само регионот на тест, туку целиот свет. Тоа што се случува во Европа ќе има влијание на економскиот развој. Затоа се надевам дека нам во ЕУ ќе ни успее, а притоа на вашата земја да и помогнеме последиците по економијата од пандемијата колку што може полесно да ги преброди. Се разбира дека солидарноста е потребна, рече Рот на новинарско прашање дали Германија предвидува помош за Северена Македонија преку ЕУ и дали постои таков механизам. вг/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Запалено возило во Бардовци

Подгответе се: Не очекува нова дестабилизација и промена на времето

Ја нападнал со остар предмет и сакал да ја силува – осомничен 28-годишен маж