Дебар,19 март 2020 (МИА) – Граѓанската иницијатива „Аваја“ достави хуманитарна помош,која локаланиот тим во Дебар ги распредели по семејствата кои се во потешка социо – екомномска состојба, информираше локалниот лидер Алмира Кагури.
Помошта се состои во прехрамбени артикли, како и заштитни средства, наменета е за ромски семејства, но,како што додава дел од помошта е дадена и на семејства од друга националност.
-Со оваа првична помош доделени се 30 пакети со прехрамбени артитли и 150 пакувања со заштитни средства, маски, ракавици и средства за дезинфекција. Главно беа опфатени ромски семејства кои се во потешка економска сосотојба,но и повеќе семејства од друга националност.Како секогаш и во оваа актуелна ситуација, нема разлика кој е и што е, по што Дебар е препознатлив.Сите сме сплотени во надминување и на оваа ситуација,вели младата тим лидерка.
Во име на „Аваја“искажува голема благодарност до Црвениот крст што помогнал во транспортирањето на помошта.
-Иако сите се запознати со апелите на надлежните и на Оператвниот штаб на Дебар сакам од име на нашата асоцација да упатам апел до сите мои сограѓани и пошироко строго да ги почитуваат препораките зашто на тој начин ќе прдонесеме за здравјетето на сите. Ги охрабрувам деке ќе издржиме заедно и со солидарност и посветеност ќе ја пребродиме и оваа сосотојба, верува Алмира Кагури тим лидерката на „Аваја“ во Дебар.
Вчера попладне во Дебар пристигна хуманитарна помош што е донација од Црвенот крст на Република Северна Македонија.
Помошта се состои во прехрамбени артикли, средства за одржување на хигиена, ќебиња, душеци, детска, машка и женска облека а е наменета за стари и изнемоштени и инвалидизирани лица,како и семејства кои се во тешка социо – економска состојба.вт/са