Утрински Весник
Македонија

Реакција на Македонскиот полициски синдикат

Реакција на Македонскиот полициски синдикат

19 март 2020

Сите ние вработените во Министерството за внатрешни работи, професијата која што сме ја одбрале и што чесно ја работиме сме свесни дека истата носи  ризици и откажувања од многу права кои што ги има секој граѓанин на нашата држава и  несомнено е дека припадниците во Министерството за внатрешни работи, БИЛЕ, СЕ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАТ НА БРАНИКОТ НА ДРЖАВАТА и  едни од најповиканите кога државата е во тешки моменти, а притоа ни е јасно дека мораме максимално да одговориме на повикот. За успешно да ги
извршуваме нашите работи и работни задачи потребно е да имаме минимум средства и опрема за заштита на нашето здравје. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден соопшти дека вработените на терен имаат заштитни маски, гумени ракавици и средства за дезинфекција но информациите од теренот кои ги добиваме од колегите кажуваат дека теренот ниту 40% не е покриен со истите.

Почитувани, Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат со над 8500 членови од кои над 8000 се припадници на МВР, БАРАМЕ РАКОВОДСТВОТО  НА МВР ДА БИДЕ ПОСЕРИОЗНО И ВЕДНАШ преку службите за општи и заеднички работи до сите организациони
единици во Министерството за внатрешни работи во кои вработените при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, да  достави  заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде
задолжително како и средства за дезинфекција.

На крајот сакаме уште еднаш да потенцираме дека состојбата со Корона вирусот е повеќе од сериозна и се надеваме дека ова ќе стигне до Вас од раководствотсвото на Минитеството за Внатрешни работи. Од денес не смееме да дозволиме ниту еден вработен во МВР да биде испратен на терен без заштитна маска, ракавици и средство за дезинфекција. Сфатете го ова како сериозно и итно. Вработените во МВР
тоа го очекуваат од ВАС.

Македонскиот полициски синдикат 

___________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Над 20.000 евра „заработиле“ две лица кои менувале оценки на УГД Штип, ОЈО бара притвор

Сиљановска-Давкова се сретна со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија