Утрински Весник
Македонија

Министерот Чулев ги посети полициските службеници на граничниот премин Табановце

Министерот Чулев ги посети полициските службеници на граничниот премин Табановце

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска оствари работна посета на граничниот премин Табановце каде се сретна со ангажираните полициски службеници за преземање на владините мерки за справување со корона вирусот.

Чулев, како што информираат од МВР, извршил увид во актуелната состојба на терен и имал работна средба со полициските службеници кои се распоредени и помагаат, односно даваат надчовечки напори за намалување на последиците од епидемијата на „Ковид 19“.

– Дојдов тука да им изразам поддршка на овие наши колеги кои деноноќно работат и даваат се од себе. Како министер за внатрешни работи, во рамки на сите средби на државниот врв изминатиот период, инстистирав дека е неопходно преземање построги и поитни мерки со кои ќе се гарантира и ќе се заштити животот и здравјето на граѓаните и дека ако делуваме сите заедно тогаш можеме да успееме, изјави Чулев во своето обраќање.

Тој нагласил дека македонската полиција, сите полициски службеници, се свесни за вонредноста на состојбата и за напорите и големиот влог што треба да се даде со цел успешно да го пребродиме ова премрежие.

– Ние, како министерство, ќе дадеме се од себе и ќе ги спроведем сите упатства и насоки, независно колкави жртви да се бараат од нас. Но, притоа апелирам на максимално граѓанско разбирање и кооперативност во заедничката борба што ќе ја водиме и што – бидете сигурни – ќе ја добиеме. Министерството за внатрешни работи, како што впрочем јавно кажав и пред два дена, ќе биде во постојан и отворен контакт со средствата за јавно информирање и со сите заинтересирани граѓани во насока на транспарентно и заедничко делување во спречувањето на ширењето на епидемијата, изјави Чулев, стои во соопштението од МВР..

Секторот за внатрешни работи Куманово заклучно со денеска има поднесено три кривични пријави кои се однесуваат на непочитување и неспроведување на мерките од владата и согласно со член 206 од кривичнио законик доставени се кривични пријави до јавното обвинителство. Министерот Чулев, се вели во соопштението, упатил апел до граѓаните да ги почитуваат препораките од Владата и да се воздржат од патување во странство. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !