Утрински Весник
Спорт

ФИФА донираше 10 милиони долари на СЗО за борба против КОВИД-19

Инфантино стана член на МОК

Цирих, 18 март 2020 (МИА) – ФИФА донираше 10 милиони долари на Светската здравствена организација за Фондот за солидарност за борба против КОВИД-19. На овој начин, организацијата поддржува напори за справување со пандемијата на коронавирус.

Светската централа исто така сподели дека тие работат со СЗО за да се осигураат дека овие средства се користат за поддршка на борбата против вирусот во сите региони во светот.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави: „Оваа исклучителна ситуација бара исклучителни мерки и одлуки. Кризата го погодува целиот свет. Денес, повторно покажавме дух на соработка, солидарност и единство“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ падна на 12-то место на АТП листата

РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ за несоодветна кратенка за нашата држава

Пораз на македонските ракометари од Грција