Утрински Весник
Спорт

ФА губи 100 милиони фунти од пандемијата

ФА губи 100 милиони фунти од пандемијата

Лондон, 18 март 2020 (МИА) – Пандемијата на коронавирус ќе предизвика сериозни финансиски загуби за ФА, јавуваат британските медиуми. Според „Тајмс“, организацијата ќе изгуби околу 100 милиони фунти.

Поради пандемијата, вчера УЕФА го одложи ЕП 2020 за следната година. Во Англија, како и во скоро сите други европски земји, домашните лиги се суспендирани.

Клубовите на ПЛ стравуваат дека нема да можат да ја завршат сезоната. Во Англија треба да се доиграат повеќе натпревари во споредба со другите Европски првенства.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026