Утрински Весник
Економија

АМЕРИТ бара да се укинат патарините за камиони и автобуси

АМЕРИТ бара да се укинат патарините за камиони и автобуси

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Асоцијацијата Македонија сообраќај Америт бара укинување на патарините за превозниците во автобускиот и товарниот сообраќај, поради загубите што се предизвикани од кризата со коронавирусот.

– Од минатата недела бројот на патници е намален за 70 проценти, а автобуските линии се редуцирани за 52 процента. Бараме итно Владата да донесе мерка барем за укинување на патарините, бидејќи нашите превозници  оперираат секој ден со намален број патници и колку е можно да ги намалиме загубите што ги трпат, изјави денска Лефтер Андонов, директор на Македонија сообраќај Америт.

Андонов апелираше возачите во товарниот транспорт да ги почитуваат препораките за мини карантин при транизитирање, додавајќи дека потврди за возачите кои транзитират издава Македонија сообраќај Америт во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

– Ги повикувам возачите да го почитуваат тој мини карантин максимално, бидејќи се работи за нивна и безбедност на сите граѓани, рече Андонов.

Владата денеска објави сет мерки за помош на стопанството со кои, меѓу останатото, се предвидува субвенции од 50 проценти на придонесите на плата во најпогодените сектори, туризмот, угостителството и транспортот. лв/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска за МТВ: Пристапувањето во СЕПА ќе донесе заштеда од половина милијарда евра за земјите од Западен Балкан

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот