Утрински Весник
Спорт

Јапонскиот вицепремиер се сомнева дека Олимпијадата ќе има смисла ова лето

Токио 2020: Олимпијците и параолимпијците во Токио ќе спијат на картонски кревети

Токио, 18 март 2020 (МИА) – Јапонскиот вицепремиер и министер за финансии Таро Асо рече дека одржувањето на Олимписките игри во 2020 година во Токио поради пандемијата на коронавирус е сè уште под знак прашалник.

– Дури и ако Јапонија може да ја спречи појавата на коронавирус, Олимписките игри ова лето ќе бидат беспредметни ако другите земји не можат да ги испратат своите спортисти. Препорачливо е Олимпијадата да се одржи во околина каде сите се чувствуваат безбедно и среќно. Но, само Јапонија нема право да донесе одлука, напиша новинарот на Си-Ен-Ен, Вил Рипли на својот профил на Твитер.

Олимписките игри треба да се одржат во Токио од 24 јули до 9 август. ИОК вчера одби да ги одложи Игрите и покрај прогласената пандемија од страна на Свестката здравствена организација. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење