Утрински Весник
Македонија

Владата предлага воведување вонредна состојба во земјата

Владата предлага воведување вонредна состојба во земјата

Скопје, 18 март 202 (МИА) – Премиерот Оливер Спаосовски соопшти дека Владата на својата денешна седница донела одлука за прогласување на вонредна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел справување со ситуацијата со коронавирусот.

– Вонредната ситуација, исклулучително вонредната и сериозна ситуација пред која сме исправени со заканите од коронавирусот по јавното здравје, по здравјето на луѓето, но и по нашата еконимија налагаат вонредни мерки, истакна Спасовски на прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека ова е вонредна ситуација и затоа е потребна и вонредна состојба.

– Владата на Република Северна Македонија веќе нема ниту најмала дилема. Затоа на денешната сендица предложивме воведување вонредна состојба, на територијата на целата наша држава, сега и веднаш. Мерките што досега се носеа ги дадоа очекуваните мерки, но тие мерки сега е неопходно да се надополнат, да се заострат, да ги радикализираме со воведување на вонредна состојба, за да спречиме колку што е тоа можно уште поголем пик на коронавирусот и тоа во кратко време. Убедени сме дека таквата ескалација можеме да ја сречиме со воведувањето на вонредна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, рече Спаовски.

Премиерот потенцира дека заканата од масовно ширење на вирусот Ковид-19 бара радикални мерки.

– Затоа Владата денеска одржа седница и донесе одлука на Собранието на РС Македонија да му предложи да прогласи вонредна состојба. Упатуваме апел Собранието да се свика и да ја донесе оваа одлука, истакна Спасовски.

Тој нагласи дека ако Собранието е распуштено, постои уставна одредба оти претседателот на државата има овластување да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена.

– Уставна и правна основа постои, само треба силна волја, висока одговорност на сите политички субјекти да ја прифатат оваа реалност и да овозможат институсионална правна рамка на вонредна состојба, порача премиерот.

Спасовски нагласи дека ова ќе биде првпат да се воведе ваква мерка во историјата на нашата држава и таа е една од најтешките одлуки што ги донела која било Влада од 1990 година до денес.

– Ништо веќе не е исто. Животот радикално се промени, како кај нас, така и во целиот свет. Потребно е секој да се прилагоди на вонредноста и да преземе крајно одговорно однесвање, истакна Спасовски, додавајќи дека секој еден граѓанин и секој субјект е повикан во оваа битка.

Според премиерот, ако сакаме да си ја заштитиме нацијата, сите мораме да се однесуваме и вонредно и одговорно.

– Политиканството да се остави за некои други нормални времиња. Сега е време исклучително да се справуваме со вирусот и ништо друго. За животите на сите наши граѓани се работи. Затоа сите да се кренеме на висината на задачата и ќе ја совладаме оваа ситуација, потенцира Спасовски.

Тој нагласи дека Владата серизона ја сфатила заканата и презела многу мерки, за кои добила признанија и кои дале резултати, но дека мора да се воведе вонредна состојба, што нема да значи нарушување на слободите, правата и движењето на граѓаните. Премиерот потенцира дека доколку има нови рестрикции и мерки на дневно ниво, граѓаните редовно ќе бидат информирани за тоа.

– Ќе ја совладаме заканата и заедно ќе излезем посилни. За да успееме сега и веднаш треба да се преземе овој голем, значаен и исклулчително важен чекор, рече Спасовки, додавајќи дека само вонредната состојба создава услови за ефикесно спроведување на мерките и заштитата на општетството, но и на економијата.

Според Спасовски, со вонредната состојба Владата ќе може да носи уредби со законска сила и многу полесно да се справува со состојбите таму каде што треба да се направат одредени промени, особено од аспект на економијата.

– Владата ќе може да влече потези и да носи мерки кои ќе им помогнат и на економијата и на јавното здравје, додаде Спасовски, порачувајќи дека со вонредната состојба полицијата, армијата и сите институции на системот ќе можат многу поефикасно да се вклучат во справувањето со состојбата.

Тој апелираше до граѓаните на трезвеност, одговорност и смиреност, потенцирајќи дека во земјата има доволно залихи на храна, гориво и на се што е потребно и дека има непречен доток на стоки. Според него, од одговорноста и дисциплинираноста на граѓаните во почитувањето на препораките, ќе зависи дали ќе биде воведен полициски час.

– Борбата за зачувување на нашата нација не е само на мене и на овие луѓе во Владата, туку на секој еден граѓанин на државата. Затоа мора сите да бидат на висина на сопствената одговорност. Знам дека сите до крај не се свесни што можат да прават. Знам дека за некои е многу поважно да изнајмуваат вили во Сопиште и во Соње и таму да прават журки. Тоа нема да биде дозволено во иднина. Ако сите заедно придонесеме, оваа ситуација секако ќе трае покусо, потенцира Спасовски. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор