Утрински Весник
Македонија

Претставата „Балканска 3а/2“ на Охридскиот театар за гледачите преку YouTube

Претставата „Балканска 3а/2“ на Охридскиот театар за гледачите преку YouTube

Охрид, 18 март 2020 (МИА) – Народниот театар од Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“ на граѓаните ќе им овозможат да ги следат нивните театарски претстави, како дел од активностите да им се овозможи на вљубениците во театарот да ужива и во време кога физички не е дозволено да се играат претстави поради коронавирусот.

На линкот https://www.youtube.com/watch?v=O3rESwKD73g на YouTube ќе може да се гледа претставата „Балканска 3а /2“ од Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева, а во изведба на актерите на Народен Театар – Охрид.

Од Центарот за култура „Григор Прличев“ во чии рамки работи и Охридскиот театар апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот и да не излегуваат од домовите без итни потреби. аб/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни