Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Единаесет лица засега се уште во карантин во воениот Центар за обука Пепелиште

Петмина нови заразени со Ковид-19
Img 7972

Неготино, 18 март 2020 (МИА) – Единаесет лица кои се вратија од странство, засега се уште се во карантин во воениот Центар за обука Пепелиште.  Оваа информација за МИА ја потврдија од Центарот за јавно здравје Велес.

Епидемиолози на Центар за јавно здравје Велес биле таму уште синоќа, кога пристигнале лицата во карантин.

-Сите се во ред, но денеска се побара од нас повторно да се отиде и да се прегледаат. Нема ниеден сомнителен. Уште еднаш нашата екипа ќе направи теренско извидување, па после тоа ќе видиме дали и каде ќе бидат префрлени, рекоа од Центар за јавно здравје Велес.

Од Центарот за јавно здравје Велес не знаат зошто биле најавени да дојдат 200, а пристигнале само 11 лица во карантин. свд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бесправно изградил куќа на брегот на Дебарското езеро, МВР му поднесе пијава

Почина Панчо од ДНК – 24info.mk

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра