Утрински Весник
Македонија

Нови четири заболени од коронавирус, вкупно регистрирани 35

МЗ: Сите денеска тестирани негативни на коронавирус

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека изутрината е потврден коронавирус кај четири лица од Скопје, со што вкупниот број заболени во државава до 12 часот денеска изнесува 35.

Состојбата на сите пациенти е стабилна. Доцна синоќа на Скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација. Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште ги посетија епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија, посочуваат од Министерството.

За повеќе информации за состојбата со коронавирусот министерот за здравство Венко Филипче ќе информира на прес-конференција закажана за 15 часот во Владата. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Талески: Скандал до скандал во МВР а Панче Тошковски останува министер

Јанев лично во Кочани: Проверува како Лазов избега од полициската станица – Секој пропуст ќе биде санкциониран

Ново видео ја вознемири Македонија: Група врсници физички нападна девојче