Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Предлог за парична казна на гостиварец, не ги почитувал мерките за заштита од вирусот Ковид 19

Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство
Img 7972

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Гостивар, до Основниот суд Гостивар, поднесе Предлог за издавање казнен налог против управител на правно лице – угостителски објект,  обвинет дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, информираат од Јавното обвинителство.

-Обвинетиот на 16. март послужувал храна на гостин седнат на маса во внатрешноста на неговиот угостителски објект, умислено не постапувајќи според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19, појаснуваат од обвинителство. оџ​/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

ВМРО-ДПМНE: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд