Утрински Весник
Економија

Државна лотарија: Благајната во МРТВ ќе работи од 10 до 14 часот

Igraj OnLine image

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Државна лотарија ги известува играчите на игрите на среќа, а особено добиниците на добивки вредни над 5.000 денари, дека Благајната на Државна лотарија која се наоѓа во зградата на МРТ во Скопје, ќе биде отворена секој работен ден од 10 до 14 часот. Истото работно време ќе се однесува и на регионалната благајна во Кочани.

Оттаму потсетуваат дека рокот за исплата на добивките на Лото 7 и Џокер е 30 дена од објавувањето на официјалниот извештај, а исплатата на добивките од инстант лотаријата е 30 дена по завршувањето на продажбата на серијата од тој инстант лоз.

– Исто така потсетуваме, дека одлична можност да ги одиграте вашите среќни броеви е ONLINE уплатата преку www.loto.mk која ја олеснува и исплатата на добивките директно на вашата сметка. #SediSiDoma играј Лото ONLINE, соопштуваат од Државната лотарија.фф/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пазарниот инспекторат најави засилени контроли на пазарот на ѓубрива

Во февруари намалена потрошувачката на нафтени продукти и природен гас

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот