Утрински Весник
Македонија

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

МЖСПП: Во континуитет се следи состојбата со Преспанското Езеро, следната недела координативна средба

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, додека нивоата на останатите природни езера во земјава се исти како и вчера.

Според последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското  Езеро е за 84 сантиметри понизок од просекот за март, а кај Охридското и Дојранското Езеро е повисок од вообичаениот за два сантиметри, односно за 2,83 метри.

Водостоите на сите реки во земјава бележат намалување во однос на вчера, со исклучок на Пчиња на мерното место кај  Катлановска Бања, каде има благо зголемување на нивото. Кај најголем дел од реките водостојот е понизок од повеќегодишниот просек за овој месец. вј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЦУК и полицијата со итна спасувачка акција за тројца планинари на Бистрица

Пожар во познат локал во центарот на Скопје – огнот брзо ставен под контрола

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија