Утрински Весник
Македонија

Фабриките да ја реорганизираат работата во смени

Фабриките да ја реорганизираат работата во смени

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Владата им препорачува на фабриките и производните погони каде работат поголем број работници да ја реорганизираат својата работа во смени, по потреба и во четири смени, со цел да има помалку вработени во смена, посочи денеска  вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

-Тоа ќе го намали бројот на луѓе кои ќе бидат директно изложени. Воедно препорачуваме фабриките да се дезифинцираат при промена на смените. Ова е во интерес на здрвјето на вработените, но и во интерес на компаниите, рече Царовска на прес-конференција во Владата.

Таа посочи дека цел на Владата е да сезачуваат сите работни места. вј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар во познат локал во центарот на Скопје – огнот брзо ставен под контрола

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч