Утрински Весник
Македонија

Приведен гостиварец поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Дваесетгодишник од Делчево со украдена картичка подигал пари од банкомат

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар вчера во Добридол го лишиле од слобода В.Џ.(57) затоа што при контрола спроведена со Државниот пазарен инспекторат во неговата кафетерија биле затекнати 12 гости.

Од МВР соопштуваат дека тој постапил спротивно на владината одлука и мерките и препораките за заштита од вирусот Ковид-19 и сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 од Кривичниот законик.

В.Џ. е задржан во Полициска станица Гостивар и во текот на денот со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.бт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот