Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Потребна е вонредна состојба, следуваат економски мерки за ублажување на ударот врз стопанството

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да крева партиска хистерија, сите предлози да ги доставува преку Наќе Чулев, нивен претставник и министер во Владата

18 март 2020

Јавното здравје е соочено со огромен предизвик од глобални размери и затоа сите граѓани мора да ги почитуваат мерките и препораките за да се спречи натамошно ширење на вирусот Ковид – 19.

Сите граѓани сериозно да ја сфатат ситуацијата и доследно да ги почитуваат мерките и препораките на Владата, бидејќи секој поединец што се заштитува себе, истовремено ги заштитува и другите и дава придонес за полесно надминување на состојбата.

Граѓаните непотребно да не патуваат во странство, а оние македонски граѓани кои имаат  престој во странство да се воздржат од враќање во земјата и да ги почитуваат мерките во државата каде што се наоѓаат. Сите гранични премини се затворени за премин на странски државјани, освен за влез на товарни камиони и претставници на дипломатскиот кор. Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје за патнички сообраќај.

Согласно анализите и проекциите за економските последици, владата подготвува сет економски мерки за помош на стопанството, фирмите и граѓаните, за помош на најпогодените.

Веќе се замрзнати цените на основните продукти: на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциони средства со состојба на денот на прогласување на пандемијата од Светската здравствена организација (СЗО), освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.

За побрзо и поефикасно надминување на последиците од коронавирусот неопходно е воведување на вонредна состојба со што ќе се постават поефикасни механизми за помош на здравствениот сектор, но и механизми за итна, навремена и ефикасна помош кон стопанските гранки кои се најмногу погодени од вирусот.

СДСМ уште еднаш им се заблагодарува и им оддава јавно  признание и почит на сите кои учествуваат во превенцијата и борбата против овој вирус, здравствените работници, полициските службеници, припадниците на армијата, службениците, институциите.

Државните институции работат во полн капацитет, непрекинато максимално посветени и несебично се ангажираат да продолжат да ја држат ситуацијата под контрола.

Веруваме и во капацитетот на институциите и на граѓаните и очекуваме дека нивната одговорност и сплотеност ќе помогнат во справувањето со вирусот ковид-19. Здравјето пред се.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трипуновски на средба со Невена Јовановиќ, Амбасадор на Република Србија

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Со ниски даноци владата сака да привлече големи странски фирми да регистрираат фирми во Македонија