Утрински Весник
Македонија

Секоја среда и петок дезинфекција на Кривичен суд – Скопје

Секоја среда и петок дезинфекција на Кривичен суд – Скопје

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Судници, ходници, санитарни јазли, шалтери и сите останати простори во новата и стара зграда на Кривичен суд – Скопје, денеска и во петок на 20 март ќе бидат темелно дезинфецирани, информираат од Кривичниот суд – Скопје.

– Согласно препораките на Владата на РСМ овие дезинфекци ќе се вршат секоја среда и секој петок се додека постои потреба. Воедно за заштита од ширење на корона вирусот како и здравјето на странките и вработените во институцијата, судот обезбеди средства за дезинфекција достапни на секој шалтер, а секој службеник кој има директен и непосреден контакт со странките е задолжен да носи стерилни ракавици и медицинска маска, се наведуваа во соопштението на Кривичниот суд.

Оттаму упатуваат апел до сите адвокати, обвинители, вештаци, сведоци и останати странки, доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на Владата.

Судот во текот на денот ќе ја информирма јавноста во однос на одлуката на Судскиот совет за сите закажани итни и неодложни судења во следниот период. оџ/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силниот ветер го однесе кровот на средно училиште во Гевгелија

Панчевски најави кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители

Кој бил во владиниот авион заедно со Мицкоски, прашува СДСМ