Утрински Весник
Македонија

Самитот на ЕУ на кој се очекува почеток на преговорите ќе биде видео конференција

Ројтерс: Историска грешка – Франција на удар во ЕУ поради блокирање на надежите на Балканот
Dik 300x250 mk

Брисел, 18 март 2020 (МИА) – Шефовите на држави и влади за прв пат немаат да отпатуваат во Брисел за редовен Европски Совет, соопштија претседателот Шарл Мишел.

Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, одлучено е самитот на 26 и 27 март да се одржи виртуелно, во вид на видеоконференција поради кризата со коронавирусот.

Откако се засили пандемијата на европскиот континент повеќето министерски средби во ЕУ се одржаа преку видео конференција исто така.

Освен здравствената криза и буџетските прашања, една од главните теми на овој самит ќе биде отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија. Последните нацрт-заклучоци на амбасадорско ниво укажуваат на тоа дека и двете земји ќе добијат зелено светло.

Согласност даде и Холандија неодамна за Албанија, со што се деблокира прашањето на европско ниво. Но, се очекува Северна Македонија да добие меѓувладина конференција пред Албанија, со што де факто би се нагласила разликата во подготвеноста на двете земји. тм/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Ароганцијата на некои во „Вреди“ станува одвратна, Чаир беше лекција, а секоја лекција се прифаќа со достоинство, вели Османи

Определен притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница