Утрински Весник
Македонија

Авион од Брисел со наши државјани слетал на аеродромот, се чекаат резултати од тестовите

Авион од Брисел со наши државјани слетал на аеродромот, се чекаат резултати од тестовите

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на прес-конференција соопшти дека авион од Брисел во кој според информациите има македонски државјани со симптоми слетал на аеродром и во моментот се прави скрининг на сите патници.

Оние кои имаат симптоми ќе бидат однесени на Инфективната клиника за да се тестираат, а останатите ќе чекаат на аеродромот додека не стигнат резултатите на сомнителните патници.

– После тоа во текот на вечервта ќе одлучиме што ќе правиме – дали за дел согласно распоредот на седење ќе биде дадена мерката за домашна самоизолација, или ќе бидат ставени во овие објекти каде ни е организирана изолацијата. Тоа ќе се одлучи кога ќе стигнат резултатите, кога ќе видиме дали тие луѓе се заболени или не. Можеби имаат обичен грип, истакна Филипче.

Во однос на групата македонски државјани кои беа заглавени на границите и се чекаат да се вратат во државата преку граничниот премин Деве Баир, Филипче информираше дека веќе десетина се пристигнати и упатени на место за изолација, а веројатно во вечерните часови ќе пристигнат и останатите. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!