Утрински Весник
Македонија

Дневен извештај за извршени инспекциски надзори за спроведувањето на мерките за спречување на ширење на зараза со Ковид-19

Дневен извештај за извршени инспекциски надзори за спроведувањето на мерките за спречување на ширење на зараза со Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 17 март 2020

Владата на Република Северна Македонија со заклучок го задолжи Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Мила Царовска, редовно, на дневна основа, до 12.00 часот да го информира претседателот на Владата на Република Северна Македонија за извршените инспекциски надзори од страна на сите инспекторати.

На дневна основа се остварува координација со Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт и МАЛМЕД во врска со инспекциските надзори кои овие институции ги превземаат заради обезбедување на примена на мерките за спречување на ширење на зараза со COVID-19.

По прием на извештаите од поединечните инспекторати се дефинираат збирни дневни извештаи за спроведените надзори.

Во прилог на оваа Информација се Збирните извештаи за надзори спроведени на 17.03.2020 година, кои денеска се разгледани на 21 седница на Владата на Северна Македонија, и кои можете да ги преземете не овој линк.

Сектор за односи со јавноста на Владата на РСМ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите