Утрински Весник
Македонија

Неформална настава преку електронски пат за охридските ученици

Водата во Охридското Езеро исправна за капење и рекреација

Охрид, 17 март 2020 (МИА) – Поради актуелната ситуација со корона вирусот и прекинатиот образовен процес, охридската Локална самоуправа даде иницијатива и препорака до наставниците и професорите за изнаоѓање на алтернативни форми за надоместување на изгубениот наставен материјал за учениците од општината.

Во таа насока, сите основни и средни училишта во координација со надлежните субјекти за образование при локалната самоуправа, деновиве започнаа да спроведуваат неформална настава по електронски пат за учениците.

Тоа значи дека наставниците и професори ќе споделуваат наставни содржини согласно предвидените образовни програми, вежби и задачи за учениците преку е-маил, преку групи на социјалните мрежи и преку други електронски алатки за комуникација, информираат од општина Охрид од ги повикуваат сите наставници и професори да се вклучат со свој ангажман и да придонесат во иницијативата.

Основците и децата од претшколска возраст од вчера имаат можност да следат и едукативни содржини на трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ, изведени од програмите кои се користат во училиштата и градинките. аб/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија