Утрински Весник
Македонија

Општина Гази Баба: Задоцнета е грижата на Бојковски, Општината навремено ги презема сите потребни мерки согласно препораките на Владата

Општина Гази Баба: Задоцнета е грижата на Бојковски, Општината навремено ги презема сите потребни мерки согласно препораките на Владата

Скопје, 17 март 2020

Денешната прес – конференција на претседателот на Советот, Тони Бојковски не е грижа за граѓаните од корона вирусот, туку единствено обид за политизирање на оваа тема, со наводна лажна грижа за граѓаните во обид да се спечали политички поен.

Наместо во овие мигови да сме единствени и сплотени во ова прашање, Бојковски свесно ја користи темата во политички цели.

Доволно би било Бојковски само редовно да ги чита известувањата за преземените мерки од општината, кој електронски ги добиваат членовите на Советот. Така претседателот на Советот Бојковски ќе знаеше дека поголем дел од т.н мерки кои ги презентираше денеска, општината веќе ги има преземено. Исто така Бојковски би требало да знае дека за дел од мерките кои ги бара, општината нема надлежности за да може истите да бидат спроведени.

Како претседател на Советот Бојковски треба да ги почитува и препораките со кои се забрануваат поголеми собири, наместо спротивно на Деловникот и Статутот на општината да бара свикување на итна седница, ставајќи ги во ризик сите членови на Советот и општинската администрација.

Прво, сите основни училишта и градинки се веќе затворени согласно наредбата на Владата. Во нив извршена е дополнување со хигиенски средства од страна на општината, како и на ресорните министерства.

Дезинфекцијата на училиштата и детските градинки ја спроведува Центарот за јавно здравје, за што директорите на институциите веќе се известени во кои денови ќе биде извршена целосна дезинфекција на објектот.

Второ, општина Гази Баба веќе издаде наредба за затворање на сточниот пазар, затворен е и бувљак пазарот, а дадена е препорака до управителите на пазарот во Автокоманда и Ченто за редовно дезинфицирање. Од страна на инспекторите и полицијата секојдневно се вршат контролни проверки на овие пазари дали се следат препораките.

Трето, општинската администрација работи со дежурства, согласно обемот и задолженијата на секој сектор поединечно. Исто така општината согласно насоките на Владата има формирано координативно тело кое секојдневно ја следи состојбата.

Четврто, Министерството за здравство веќе има започнато медиумска кампања која оди преку националните медиуми и социјални мрежи. Со оглед на фактот дека корона вирусот се пренесува преку ракување, делењето на флаери би било директна опасност за граѓаните. Дополнително оваа мерка е спротивно на насоките граѓаните да останат во своите домови. Спротивно на мерките за превенција на Владата е и носењето на заштитни маски, кое се препорачува да го носат лица со влошена здравствена состојба.

Исто така општините во градот Скопје подготвија план и веќе започна со редовно чистење и дезинфицирање на улиците и јавните површини во општините.

Петто, Бојковски треба да знае дека општина Гази Баба нема ингеренции за да постави контролни пунктови за дезинфекција, но како мерка општината ќе ја предложи до соодветните институции.

Секоја идеја и предлог во насока за заштита на граѓаните е добредојдена.

Најмалку што е потребно во овие мигови се политички поделби и обиди за политички профит по ова прашање.

Здравјето на граѓаните е на прво место и сите ние мораме одговорно да се однесуваме.

Одделение за односи со јавност – Општина Гази Баба

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Драстично опаѓање на бројот на ученици во Македонија во последната деценија

Пожарот над Катланово се шири: Во прекин е електричната енергија

Ова се десетте најплатени холивудски актери во 2023 година