Утрински Весник
Економија

Занаетчиите бараат одлободување од придонеси за плата и данок на доход поради Ковид-19

Занаетчиите бараат одлободување од придонеси за плата и данок на доход поради Ковид-19

Скопје, 17 март 2020

Развој на Занаетчиството на локално и државно ниво датира од многу одавна, добро развиено Занаетчиство значи и застапување на интересите на занаетчиите на странскиот пазар и јакнење на нивната конкурентност.

Модерните Занаетчиски Регионални Комори кој ја формираа и основаа Занаетчиската Комора на Република Северна Македонија се стремат да го издигнат и покажат дека Занаетчиството е се околу нас,и дека со Занаетчиство може да се живее и работи.Законот вели дека Занаетчиска дејност е занаетчиско производство,занаетчиска услуга,уметничко занаетчиство и домашното ракотворење.

Меѓу другото,а со оглед на битноста на развојот на занаетчиството за развој на целата земја,неминовно акцентирање на улогата на Регионалните комори како институции кој придонесуваат за развој на занаетчиите , а со самото развивање и на ЗКРСМ ,која ќе биде двигател на развој на општи стандарди,едукацијата,со поставување на стандарди на занаетчиски производи ќе се овозможи на поволна финансиска и кредитна политика ,за развој на занаетчиството.

Но новонастаната ситуација во државата зарди Корона Вирусот,сметаме дека е потребно и Ние како дел од стопанството кое во мометот е целосно блокирано,да се преземат чекори за надминување на кризата каде Занаетчиството е дирекно погодено.

Наш предлог е да се ослободиат Занетчиите од придонеси за плата и персонален данок на доход за месеците Март, Април, Мај или се до моментот додека не се стабилизира состојбата во Државата.Воедно ви стоиме на располагање и ве молиме доколку се организира седница за надминување на кризата во која ќе бидат викнати иприсутни идругите Стопански Комори да бидем вклучени и Ние Занаетчиската Комора на Република Северна Македонија,заеднички да помогнеме,за да се надмине Економската Криза која е на повидок.

Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиска комора на Р.С.Македонија

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија