Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Медицинскиот персонал во тетовската болница е мобилизиран за справување со корона вирусот

Медицинскиот персонал во тетовската болница е мобилизиран за справување со корона вирусот
300x250 opst2

До овие моменти на територијата на општина Тетово, односно тетовската болница состојбата е мирна, нема паника, а ние како медицински персонал сме максимално подготвени, вели Началникот на одделот за инфективни болести во Тетово, Али Исмаили во однос на состојбата со корона вирусот, пренесува „Порталб.мк“.

Тој нагласува дека голем број лица во последниов период кои доаѓаат на преглед во болницата, и тоа обично доаѓаат од страв а не заради реални симптоми на корона вирусот. Исмаили вели дека за било каква ситуација, медицинскиот тим на оваа болница е мобилизиран.

– Голем број од лицата што доаѓаат тука, немаат ниту симптоми на грип, но поттикнати од стравот сакаат да се прегледаат. Ние сме максимално подготвени за секаква состојба, затоа нема простор за паника – истакна Али Исмаили од тетовската болница.

Директорот Болницата во Тетово, Флорин Бесими за „Порталб.мк“ потврди дека оваа болница нема недостаток од респираторни апарати и истата е снабдена со потребните средства за корона вирусот.

– Тетовската болница е комплетно подготвена и постојано ги повикуваме луѓето да не прават паника и да ги почитуваат мерките коишто можат да го спречат ширењето на коронавирусот – потенцира Флорин Бесими, директор на тетовската болница.

Во Тетово моментално се почитуваат мерките на владата за спречување на корона вирусот, односно веќе два дена се затворени кафулињата, рестораните и другите јавни објекти во кои се собираат луѓе, а жителите на оваа општина видливо го намалија нивното излегување надвор од нивните домови, но не и целосно.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ФЗО вели дека Д-р Кузмановски има активен факсимил, но се чека одговор од Комората

Македонската вештачка интелигенција ќе се вика Везилка

Ужас Во Пехчево: Силувана малолетничка со здравствени проблеми