Утрински Весник
Македонија

Мобилниот тим на Општина Чашка на терен

Мобилниот тим на Општина Чашка на терен

Велес, 17 март 2020 (МИА) – Заради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот, мобилниот тим на Општина Чашка за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби од општината ги реализира своите активности на терен, за помош на овие лица во доставување на храна и лекови.

Од Општина Чашка потсетуваат дека секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од помош при набавка на потребни лекарства, прехранбени производи и средства за хигиена ќе може да се јавуваат секој ден од неделата на следните телефонски броеви:
076426830
075499340

– После телефонското јавување, доаѓа лице од мобилниот тим на општината во домот на нарачателот, ја прима нарачката со соодветни средства за купување на истата, ја реализира, и повторно се враќа во домот на лицето и ја доставува нарачката, појаснуваат од Општина Чашка.ад/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода

Средба на министерот Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу