Скопје, 17март 2020 (МИА) – Прометот во индустријата во јануари 2020 година во однос на јануари 2019 година, бележи раст од 12,2 отсто, во однос на декември петходната година раст од 14,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 25,9 отсто, капитални производи за 10,6 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 отсто, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 6,1 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи раст од 8,2 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 25,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,2 отсто, додека опаѓање бележи кај капитални производи за 34,7 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 3,5 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи пад од од 33,4 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, има раст од 12,7 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 27,7 отсто, капитални производи за 10,8 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,5 отсто, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 15,6 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2020 година, во однос на декември 2019 година, има раст од 35,7 отсто. скс/ац/