Утрински Весник
Економија

Прометот во индустријата во јануари годинава во однос на јануари лани со раст од 12,2 отсто

Најмногу слободни работни места во услужни дејности и продажба
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Скопје, 17март 2020 (МИА) – Прометот во индустријата во јануари 2020 година во однос на јануари 2019 година, бележи раст од 12,2 отсто, во однос на декември петходната година раст од 14,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 25,9 отсто, капитални производи за 10,6 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 отсто, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 6,1 отсто.

Screenshot

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи раст од 8,2 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 25,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,2 отсто, додека опаѓање бележи кај капитални производи за 34,7 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 3,5 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи пад од од 33,4 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, има раст од 12,7 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 27,7 отсто, капитални производи за 10,8 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,5 отсто, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 15,6 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2020 година, во однос на декември 2019 година, има раст од 35,7 отсто. скс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нацевска: Продолжуваат активностите на НБ за развивање на домашниот финансиски пазар

Доделени наградите за најуспешни жени менаџерки за 2024 година

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот