Утрински Весник
Македонија

Кумановскиот театар ги повика децата и возрасните, онлајн да ја проследат детската претстава „Волшебникот од Оз“

Кумановскиот театар ги повика децата и возрасните, онлајн да ја проследат детската претстава „Волшебникот од Оз“

Куманово, 16 март 2020 (МИА) – Кумановскиот театар од денеска почна со прикажување онлајн претстави на facebook профилите на Театар Куманово и НУЦК „Трајко Прокопиев“, информираа денеска надлежните од оваа установа. Прва е прикачена детската претстава „Волебникот од Оз“, а во следните денови, најави директорот на установата, Сашо Тодоровски, онлајн ќе можат да се гледаат претставите „Ревизор“, „Јованче и Марика“, „Бегај, еве ја жена ти“, „Околиска болница“.

-Ги поканувам децата и родителите да ја проследат претставата, да коментираат и да предложат нова претстава која ќе ја реализираме во иднина, изјави Тодоровски.
Од Центарот за култура Куманово, посочуваат дека Театар Куманово со години наназад работи на детски претстави и зајакнување на репертоарот за деца.
-Најмалите се наша значајна публика и поддржувањето на нивниот воспитно-образовен процес е нешто што ние го работиме со многу љубов. Затоа, во овие денови без училиште, повелете на нашиот online настан и погледнете една од нашите најпопуларни детски претстави. Од денес до петок можете да ја гледате на следниов линк: https://youtu.be/7nixc4yRxPk. Останете дома со вашите деца и уживајте во нашата сценска приказна, повикаа од театарот.
„Волшебникот од Оз“ премирно беше изведена во 2016 година. ам/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода

Средба на министерот Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу