Утрински Весник
Македонија

Лидерска средба утре во 12 во Кабинетот на претседателот

Мораториум на сите активности на политичките партии до 22 март

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре во 12 часот „Вила Водно“ ќе се одржи лидерска средба, на која ќе присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата, кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.

Како што соопштија од Кабинетот на шефот на државата, на лидерската средба е најавено присуство на претседателите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и на ДПА, Мендух Тачи. На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

Видео инсерти и фотографии од средбата ќе бидат дистрибуирани до медиумите од страна на Прес-службата на Кабинетот веднаш по почетокот на лидерската средба. Изјавите за медиумите по завршување на лидерската средба, ќе бидат пренесувани на Јавниот сервис МРТ, на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот. 

–  Поради мерките и препораките на Владата за заштита од Ковид-19, ги охрабруваме медиумите да го преземат видео материјалот и фотографиите кои ќе бидат веднаш дистрибуирани, информираат од Кабинетот на претседателот. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври