Утрински Весник
Македонија

Известување на МТСП за корисниците на правото за надоместоци за помош и нега од друго лице и за попреченост

Известување на МТСП за корисниците на правото за надоместоци за помош и нега од друго лице и за попреченост

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика соопшти дека за лицата кои имаат или ќе поднесат ново барање за надомест за помош и нега од друго лице и надомест за попреченост, комисиите ќе даваат конзилијарно мислење со наод, само врз основа на медицинска документација без непосреден преглед на странките.

Одлуката е согласно со владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот и во согласност со член 10 став 2 од Правилникот за начинот за остварување на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице и член 46 став 4 од Законот за социјална заштита.

-Членовите на семејствата ќе имаат обврска да ја доставуваат потребната документација на закажаниот термин во надлежната комисија која е пропишана за наведените права, информира МТСП. хс/сп/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Културната дипломатија е незаменлив дијалог, и во мир, и во криза

Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки