Утрински Весник
Политички Партии

Ахмети: Би прифатиле одложување на изборите заради коронавирусот

Али Ахмети: Во годината и деценијата пред нас, повторно да бидеме заедно, подобри, посилни и поуспешни

 

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска преку соопштение најави дека партиски приоритет е јавното здравје и справување со коронавирусот, и оти би прифатиле одложување на изборите и кампањата.

-Апсолутен приоритет на секој од нас, особено ние што сме во јавна служба, е граѓанинот и јавното здравје. Изборите и кампањата се последни во агендата на нашите приоритети, затоа што сите наши човечки, интелектуални и институционални капацитети ги ставивме на располагање на победа во заедничката борба против вирусот, посочува Ахмети.

Сега, додава, ни треба да го победиме вирусот, а не победа на изборите.

-Со изборите и кампањата ќе се занимаваме откако ќе ја победиме ова закана спрема сите нас и заедно Ве уверувам дека ќе го издвојиме победа. Ние сме потполно посветени во адресирање на ситуацијата со Ковид-19 и да им помогнеме на нашите граѓани, на лекарите и економијата. Здравјето пред се!, стои во соопштението од ДУИ. вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт