Утрински Весник
Македонија

Кавадаречки ,,Комуналец” со мерки за заштита на населението од коронавирус

Кавадаречки ,,Комуналец” со мерки за заштита на населението од коронавирус

Кавадарци, 16 март 2020 (МИА) – Кавадаречки „Комуналец“ презеде мерки за заштита на населението од коронавирус според препораките на Владата.

– Дадена е наредба да се врши дезинфекција на вработените и задолжително носење на ракавици и заштитни маски во сите одделенија и сектори. Посебно е најстрого во исклучително важните објекти во делот на водоснабдувањето, изворите Лукар, хлорната станица и филтрите. Зголемен е обемот на чистење на Градскиот пазар,  два-три пати неделно, како и воведување на дезинфекција на сите тезги по секој пазарен ден, информираат од комуналното претпријатие.

Оттаму соопштуваат дека од страна на раководните лица на Градската капела, известени се двата градски оператори при секој погреб да има заштитни средства за дезинфекција и по можност на корисниците на услуги на капелата да им се делат заштитни маски и ракавици.

– Што се однесува до јавното претпријатие „Комуналец“ после секој погреб задолжително се врши дезинфекција на просториите. Операторите во соработка со вработени во „Комуналец” задолжително да вршат редуцирање и да воспоставуваат ред при влегувањето за изразување на сочувство, т.е да се влегува во помали групи, нагласуваат од претпријатието.

Додаваат дека се врши и дезинфекција на возилата на „Комуналец”. Сите возачи се задолжени секојдневно да вршат дезинфекција на возилата пред и по завршувањето на смената, а на контејнерите и надградбата на возилата за смет,  дезинфекција ќе се врши два-три пати во неделата.

– Наплатниот центар што се наоѓа на Градскиот пазар исто така има преземено мерки за заштита. Се молат граѓаните да го почитуваат редот при наплата, да не влегуваат групно за да плаќаат сметки и доколку забележат дека внатре има повеќе од  еден или двајца луѓе,  да почекаат надвор во редот,  се додека не се ослободи шалтер за наплата, велат од претпријатието.

Правилата за однесување при наплата се истакнати на самиот влез на наплатната служба. свд/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?