Утрински Весник
Македонија

МТСП апелира до родителите да ги користат достапните содржини и едукативни емисии за деца од предучилишна возраст

МТСП апелира до родителите да ги користат достапните содржини и едукативни емисии за деца од предучилишна возраст

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика (МТСП) препорачува да се практикува листата на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што можат да бидат корисни за едукација на младите.

– Децата треба да го продолжат учењето и додека се дома. Една од мерките кои ги усвои Владата за заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење на коронавирусот е привремен прекин на воспитно-образовниот процес во државата. Децата од предучилишна возраст не посетуваат градинка. Но, тоа не значи дека воспитно-образовната надградба треба да застане. Напротив, има многу начини како децата да продолжат да се едуцираат и во вакви вонредни околности, во домашни услови, велат од Министерството.

Оттаму информираат дека од денеска на МРТВ започнува емитувањето на едукативна програма наречена „ТВ училница“. Трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ ќе емитуваат едукативни содржини по предметите кои децата ги изучуваат на училиште. За децата од претшколска возраст ќе се емитуваат едукативни емисии и приказни согласно нивната возраст.

– Воспитанието и образованието е процес, а не чин. Да им помогнеме на децата да продолжат со учење дома во периодот додека градинките се привремено затворени, се вели во соопштението од МТСП.

На следниот линк е листата на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор