Утрински Весник
Спорт

Берни Еклстоун: Би го назначил Бријаторе за шеф на Ферари

Берни Еклстоун со план за спас на Ф1

Лондон, 16 март 2020 (МИА) – Почесниот претседател на Формула 1 Берни Еклстоун верува дека Флавио Бријаторе би ја завршил својата работа во Ферари поефикасно од Матија Биноото.

– Дали е Биното лидер? – Не, тој е инженер. Ним им треба човек кој навистина може да им ги пренесе своите мисли на сите. Јас би го назначил Флавио Бријаторе. Флавио би го сторил истото како во Бенетон и Рено – би ги намамил најдобрите специјалисти од другите тимови, рече Еклстоун.

Поранешниот извршен директор на Ф-1 зборуваше и за тоа како истрагата за грабежот што се случи во декември во куќата на неговата ќерка Тамара – напредува според некои извештаи, штетата изнесувала 50 милиони фунти.

– Не знаеме што точно се случило, ниту полицијата. Две лица се приведени, но тие не кажуваат ништо. Добрата вест и што можев да и објаснам на сопругата зошто не купив скап накит за неа. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026