Утрински Весник
Македонија

Општина Велес формира мобилни тимови за помош на повеќе категории на граѓани

Општина Велес формира мобилни тимови за помош на повеќе категории на граѓани

Велес, 16 март 2020 (МИА) – Општина Велес ја известува јавноста дека поради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот, формира мобилни тимови за помош на сите возрасни и изнемоштени лица, лица со попречености и хронично болни лица, кои живеат сами или немаат поддршка од семејствата на целата територија на Општина Велес.

Како што појаснуваат од Општината, услугата која ќе ја спроведуваат овие тимови се состои во набавување храна и лекови со сопствени средства на лицето кое ја бара услугата.

Тие појаснуваат дека мобилните тимови составени од волонтери на Црвениот крст од Велес, Територијалната противпожарна единица, вработени во Центарот за социјални грижи, општинската администрација и други волонтери, од денес ќе бидат на располагање 24 часа за овие  категории граѓани, со цел истите да не остваруваат непосреден контакт со останати луѓе и да се изложат на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19 (корона вирус).

Граѓаните ќе може да стапат во контакт со Мобилните тимови на следните телефони:
078 254 729
075 272 485 075 247 637

075 272 485 075 247 637

По јавувањето, до домот на нарачателот пристигнува мобилниот тим, кој ќе ја прими нарачката, а нарачателот врачува соодветна сума на парични средства. Потоа, мобилниот тим ја спроведува услугата, се враќа во домот на нарачателот со продуктите и фискална сметка.

Јавното здравје е заедничка одговорност, потенцираат од Општина Велес. ад/сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег