Утрински Весник
Македонија

Првата пациентка со корона заминува дома, негативна е на второ тестирање

МЗ: Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација, соопшти Министерството за здравство.

Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба.

Министерството наведува и дека во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар. хс/сст/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожарот во близина на Самоков е изгаснат – фабриката е целосно безбедна

Се запали фабрика за оружје во Македонски Брод – гори хала со хемикалии

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група