Утрински Весник
Македонија

Димитров: Голем дел од македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница

Димитров: Голем дел од македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Шефот на дипломатијата Никола Димитров вечерва преку Фејсбук статус информираше дека голем дел од македонските превозници ја поминале италијанско-словенечката граница.

-Долг ден ама вредеше. Голем дел од македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница, со обезбедена траса преку Хрватска и Србија, напиша Димитров.

-Граѓаните што денот го поминаа на Бајаково/Батровци на хрватската страна, влегуваат во Србија. Исто така, голема група македонски државјани кои чекаа на преминот Хоргош во Унгарија почнаа да влегуваат во Србија. Ве чекаме дома!, додаде министерот за надворешни работи на својот Фејсбук профил. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бојчевски: Докторите во сите градови да имаат иста почетна нето плата и да се запре дефицитот на кадар

Пуштена во употреба клучката кај Подмоље

Албански државјанин се обидел да подмити полицаец на „Ќафасан“