Утрински Весник
Македонија

Телефонски разгововор Дачиќ-Димитров за пандемијата со коронавирсус

Телефонски разгововор Дачиќ-Димитров за пандемијата со коронавирсус

Белград,15 март 2020 (МИА) – Министрите за надворешни реаботи на Србија и Северна Македонија, Ивица Дачич и Никола Дитров, вечерва имаа телефонски разговор околу „заштитните мерки во борбата против Ковид-19“, соопштија од кабинетот на српскиот шеф на дипломатијата.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во соопштението се наведува дека „двајцата министри разговорале за моменталната состојба предизвикана од вирусот „Ковид 19“ и ефектите од пандемијата по нашите земји и целиот регион.“

-Министрите се информираа за мерките што ги преземаат нивните земји во борба против вирусот „Ковид 19“, во согласност со препораките на СЗО, за заштита на своите граѓани.Тие се согласија дека се потребни усогласени напори за да се спречи понатамошното ширење на епидемијата и со најмали последици да се надмине кризата што ја предизвикув вирусот,се наведува во соопштението од српското МНР.

Во него се доадава дека „е договорено во најкус можен рок да се најдат решенија за тековните проблеми за отежнатиот транспорт на стоки и застојот во превозот на патници, кои се настанати заради заштитените мерки за ограничување на влезот на лица кои престојуваат во државите и областите со интензивна трансмисија на болеста.“

Министерот Димитров се заблагодарил на Србија за помошта што ја дала при евакуацијата на македонските државјани од САД, се наведува во соопштението. об/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски се сретна со Сијарто

Бочварски: Гледаме секојдневни скандали, лош почеток на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Тошковски: Системот од камери за сообраќајни прекршоци мораме да го имплементираме правилно, со тоа ќе спасиме човечки животи