Утрински Весник
Македонија

И вториот тест на лицето од Кочани негативен на коронавирус

Пациент со западно-нилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека и вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип е негативен на коронавирусот.

И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, тестирањето беше повторено. Сите седум лица тестирани денеска се негативни на вирусот и нема нови пациенти позитивни на коронавирус во земјата.

Министерството за здравство информира и дека професорот д-р. од Инфективната клиника кој е назначен за координатор на службата за инфективни болести во Дебар е пристигнат во Дебар и веќе е започната анализа на состојбата и координација на активностите околу новите тестирања и новиот план за работа на докторите- епидемиологот и двајцата инфектолози кои се веќе таму.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот