Утрински Весник
Македонија

Димитров телефонски разговараше со словенечкиот колега Логар за решавање на проблемот на македонските превозници

Димитров за МИА: Законот за ЈО пред избори тест за сите дали фактички или само декларативно се за ЕУ

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – На барање на македонска страна, шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска разговараше со министерот за надворешни работи на Република Словенија, Анже Логар, соопшти МНР.

Честитајќи му ја новата функција, Димитров му го претстави проблемот со кој се соочуваат македонските превозници поради застојот на италијанско-словенечката граница и потребата за што побрзо негово решавање.

Двајцата министри се договорија дека ќе вложат максимални напори за да се направи се’ што е во надлежност на министерствата за надворешни работи од регионот, како би се забрзал транспортот.

Во меѓувреме, нашата амбасада во Словенија прави напори да се обезбедат македонските превозници со вода и храна.

Министерството за надворешни работи и понатаму останува на располагање на сите наши граѓани преку координативното тело за помош и поддршка на своите државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми и прави максимални напори за надминување на овие ситуации, се наведува во соопштението.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание