Утрински Весник
Македонија

Волонтери во Прилеп ќе набавуваат и ќе доставуваат храна и лекови за стари, болни и изнемоштени граѓани  

Волонтери во Прилеп ќе набавуваат и ќе доставуваат храна и лекови за стари, болни и изнемоштени граѓани  

Прилеп, 15 март 2020 (МИА) – Од денеска групи волонтери ќе набавуваат и ќе доставуваат прехранбени артикли и лекови за старите, за болните, изнемоштените и хендикепираните лица во Прилеп за кои е потребно да седат дома и да не се изложувата на здравствени ризици. Ова е најновата превентивна мерка на прилепската локална самоуправа за заштита на здравјето на граѓаните и евентуална зараза со корона вирус.

Како што соопшти прилепскиот градоначалник Илија Јованоски општината продолжува со дополнителни локални мерки за заштита на здравјето.

-Практично веднаш воведуваме телефонска линија со број 048/401-700, на која стари, болни, изнемоштени и возрасни лица со хронични заболувања, како и лица со посебни потребни, секој ден од 8 до 18 часот, ќе може да побараат помош за набавка и за доставување на прехранбени намирници, лекови и други средства за лична хигиена и за дезифенција, изјави Јованоски.

Акредитирани волонтери од општината, опремени со заштитни средства, после телефонскиот повик, ќе ги посетат граѓаните во нивните домови и со средства од граѓаните, ќе ги набават потребните артикли од маркети и аптеки по избор на самите граѓани и ќе ги достават во нивните домови, објасни Јованоски.

Бесплатната телефонска линија ќе биде обезбедена во текот на утрешниот ден од практични причини, зашто операторите денеска не работат.

Целта е да се заштитат најраливите категори граѓани од коронавирусот и да се намали можноста да бидат изложени на ризик од заразување и што помалку да излегуваат од нивните домови. Со оваа мерка се намалува движењето на старите, болни, изнемоштени и хронично болните лица во градот, во маркетите и во аптеките.

Волонтерите се во три групи од по двајца млади, здрави се и во последните 14 дена не биле изложени на никакви влијанија.

Јованоски со апел граѓаните на кои не им е најнеопходно, да не ја злоупотребуваат телефонската линијата, а апел испрати и до стопанствениците да им излезат во пресрет на социјално ранливите категории граѓани.

– Јавно ги повикувам стопанствениците и бизнисмените од градот да им излезат во пресрет на социјално-ранливите категории на граѓани, преку донирање на прехрабени артикли и средства за хигиена и за дезинфекција, рече Јованоски.

Јованоски нагласи дека во Прилеп досега нема заразени од корона вирус и апелираше до граѓаните совесно да се однесуваат и да ги почитуваат препораките и мерките на Министерството за здравство. Инспекциите констатирале дека во градот се придржуваат на мерките и работат само маркетите, аптеките. Мерката со контрола на влезовите во градот е успешна и нема проблеми. ем/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Нов Дојран пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна

Приведени 10 возачи, четворица без дозвола, еден во спротивна насока, еден со активна забрана

Кривична за возач на автобус, неовластено снимал во кругот на тетовската касарна