Утрински Весник
Македонија

Пробиштип формираше мобилни тимови за старите и изнемоштени лица

Пробиштип формираше мобилни тимови за старите и изнемоштени лица

Штип, 15 март 2020 (МИА)Општина Пробиштип во соработка со Советот на млади во општината, формираше мобилни тимови за помош на сите стари и изнемоштени лица, информираше денеска градоначалникот Драган Анастасов.  

Сите граѓани од наведената категорија кои имаат потреба од набавка на потребните лекарства, прехрамбени продукти и средства за хигиена, со цел да не излегуваат надвор и да не остваруваат непосреден контакт со други лица, при што би се изложиле на опасност за заразување со Ковид-19 (коронавирус), ќе можат да ги контактираат мобилните тимови во секое време од денот во текот на цела недела, за да ги направат потребните набавки за нив, вели Анастасов.

На социјалните мрежи на профилот на градоначалникот, Анастасов оставени се и мобилни телефони, на коишто граѓаните можат да се јавуваат. Забележува дека општината нема да да дозволи во  оваа вонредна околност да ги погоди најранливите. Јавното здравје е заедничка одговорност! вдј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тетовец измамен за 3400 евра со лажна сообраќајка

Измамен гостиварец за 1200 евра, сакал возачка без да полага

Жена тешко повредена откако паднала во градски автобус