Велес, 15 март 2020 (МИА) – Заради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот Општина Градско формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби од општината, со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати луѓе и да не се изложат на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19.
Како што појаснуваат од Општина Градско, секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребни лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена ќе може да телефонира секој ден од неделата, во секој дел од денот, на следните телефонски броеви: 070/566-261 и 078/441-443.
-После јавувањето доаѓа лице од мобилниот тим од Општина Градско во домот на нарачателот и ќе ја прими нарачката со соодветни средства за купување на истата, информираат од Општина Градско. ад/дма/